Македонија

Потпишан договор за грант од 68.6 милиони евра за железничката пруга кон Бугарија

Денеска во Скопје се потпиша Договорот за грант во износ од 68.6 милиони евра наменет за ко-финансирање, доделен од ЕУ преку Инвестициската програма на Западен Балкан (ИПЗБ).

Грандот ќе биде искористен за ко-финансирање на приближно 34 километри железничка инфраструктура од Бељаковце до Крива Паланка, втора фаза од проектот за Коридор 8 кој откако ќе биде финализиран, ќе биде дел од Транс-Европската транспортна мрежа, поврзувајќи ја Македонија со Албанија на запад и Бугарија на исток.

Првата фаза на проектот, рехабилитација на железничкиот сектор во должина од околу 31 километар помеѓу Куманово и Бељаковце, е во фаза на имплементација. Втората фаза на активности поврзани со набавки веќе започна, и се избира изведувачот кој ќе ги реализираат работите поврзано со проектот.

ИПЗБ обезбедува и грантови за техничка соработка во износ од €5.7милиони, за подготовка на проекти и имплементација.

На церемонијата на потпишување на Договорот за грант присуствуваа Горан Сугарески, Министер за транспорт и врски, Драган Тевдовски, Министер за финасии, Самуел Жбогар, Амбасадор на ЕУ Делегацијата и Анка Јоана Јонеску, Претставник на ЕБОР за Македонија.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни