Македонија

Потпишан кодекс за фер избори: Река, Силјановска и Пендаровски положија заклетва

Прво го ставија потписот на кодексот за фер и демократски избори, а потоа се гушнаа и положија заклетва дека ќе се придржуваат до она што го пишува во документот. Тројцата претседателски кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска Давковка и Стево Пендаровски ветија дека ќе водат чесна и праведна кампања, која ќе се базира на аргументи.

Со оглед на тоа дека тројцата кандидати доаѓаат од академската област, кандидатот поддржан од албанската опозиција, Блерим Река рече дека оваа трка ќе допринесе на подигање на нивото на изборната кампања.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, рече дека очекува од противкандидатите да водат праведна и аргументирана кампања.

Кандидатот на парламентарното мнозинство, Стево Пендаровски ја уверува јавноста дека тој и неговите противкандидати формално ќе ја почитуваат изјавата што ја потпишале.

Изборната претседателска кампања почнува на 1 и ќе трае до 19 април. Изборите ќе се одржат на 21 април, на кои право на глас според ДИК имаат 1.808.131 гласач.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни