Првата гола сцена на Мерлин Монро се случи во филмот „The Misfits“, кој го создаде нејзиниот тогашен сопруг, американскиот автор и писател Артур Милер.
Иако таа сцена беше пресечена, дури сега протекоа фотографии кои докажуваат дека Мерилин е првата американска актерка која се соблече на филм.
Најпрво се мислеше дека фотографиите од снимањето се уништени, додека синот на продуцентот не реши да ги открие по речиси шест децении држење под клуч до смртта на неговиот татко во 1999 година. Фотографиите прикажуваат љубовна сцена помеѓу Мерлин Монро и актерот Кларк Гејбл на која таа седи на кревет со гол грб и задник, додека предниот дел е покриен со ќебе.
„Татко ми ги уништуваше фотографиите од неискористените сцени, но оваа за која мислеше дека вреди да се задржи“, вели Кертис Тејлор (71), син на продуцентот Френк Тејлор. Тој филм, приказна за тројца каубои кои се натпреваруваат за убава жена, и бил подарок на актерката од нејзиниот сопруг.
Бидејќи Милер сфатил дека неговата сопруга очајно сака да глуми, решил да ја вработи и да и помогне да снима филм со него. Сепак, потфатот не заврши успешно. Мерилин сè повеќе запаѓаше во депресија, доцнеше на снимање и доаѓаше неподготвена. Тие раскинаа кога почнаа да снимаат, во 1961 година.
„Ако го прочитате сценариото на филмот, никаде не се спомнува голотија. Кога го соблече, сите беа шокирани“, рекол Куртис. Во тоа време имаше строга цензура на сексот и голотијата во филмовите, па филмските продуценти мораа да најдат покреативни начини да ја „зачинат“ сцената. Сепак, сосема голата Мерилин беше многу повеќе од дозволената цензура.
Тоа беше нејзиниот последен завршен филм, а почина на 36-годишна возраст само една година по снимањето од предозирање со апчиња за спиење. Фотографиите ќе бидат вклучени во биографијата „Мерилин Монро: Приватниот живот на јавна икона“ од Чарлс Кесил.
