Потрагата по Данка продолжува, на терен две спасувачки екипи и кучето Зиги кое бараше луѓе во урнатините во Турција

Потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор, чие исчезнување беше пријавено во вторник, се уште трае. Две специјалистички спасувачки екипи од урнатините од Белград и Нови Сад започнаа детално пребарување на просторот околу куќата, соопшти МУП.

Екипите се состојат од 18 пожарникари и спасувачи со пет теренски возила, како и кучето Зиги кое јавноста претходно го запозна при барањето живи луѓе во урнатините по земјотресот во Турција.

Се вчитува...

Во близина на Хаџиќ во Босна и Херцеговина се уапсени три лица кои тврделе дека имаат информации за исчезната Данка, за што барале пари, но полицијата изјавила дека „само се шегувале“.

Девојчето Данка Илиќ, кое исчезна во вторникот во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско Поље во Бор, има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри. Во моментот на исчезнувањето таа носела маслинесто зелена јакна, виолетови панталони, црни патики и косата врзана во опавче.

Поради овој случај, за прв пат во Србија беше пуштен во употреба системот FIND ME! кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.