Македонија

Потрагата по исчезнатиот од Крушево ќе продолжи и утре

Потрагата по исчезнатиот од Крушево ќе продолжи и утре

Во текот на утрешниот ден, од 09:00 часот, е планирано да продолжи потрагата кон шумските појаси по исчезнатото лице во Крушевско. Регионалниот ЦУК Крушево е во координација со сите екипи од институциите и редовно добива информации.

Потрагата по исчезнатото лице од Крушево трае во континуитет од самото пријавување во МВР во четвртокот, на 22.12.2022 година, но исчезнатото лице се уште не е пронајдено.

Во текот на денешниот ден во потрагата учествуваа 15 полициски службеници од ОВР Крушево, 14 војници од АРМ со 1 куче трагач, 7 пожарникари од ТППЕ Крушево, Регионалниот РЦУК Крушево со 4 лица вработени, ПО ДЗС со 3 вработени, екипа од Шумска полиција 2 со 1 возило и околу 20-тина граѓани доброволци.

Повторно се пребаруваа сите околни места, шумските појаси, низинските места и селските населени места (колиби, напуштени куќи, штали). Екипите од МВР и ТППЕ Крушево се повлекоа во 15:30 часот, а Армијата се повлече во 17:00 часот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни