Од 2005 до сега Северна Македонија потрошила скоро една милијарда евра за мерки за намалување на невработеноста. Но, според универзитетскиот професор Изет Зеќири, не се отворени доволно работни места. Младите својата иднина не ја гледаат тука, туку во некоја од европските земји.
-Од 2005 досега просечно годишно се потрошени околу 77 и пол милиони евра. А, вкупно трошоците за намалување на невработеноста преку Агенција за вработување според Рамковниот договор и други програми за олеснување при вработувањето, изнесуваат вкупно околу 976 милиони евра, речиси 1 милијарда евра потрошени пари кои не создале услови за отворање нови работни места.-вели Изет Зеќири, универзитетски професор.
И младите активисти кои беа гости во емисијата Клик Плус, вината за иселувањето на младите од државата и ја префрлаат на политиката. Студентот Енис Мифтари рече дека партиските вработувања и непотизмот се причините за заминувањето на младите во запдноевропските држави.
-Голем дел од овие средства се отидени за партиските активисти кои имаат отворено фиктивни фирми и со средствата кои ги имаат земено имаат платено придонеси и плата и на крајот тие фирми се затворени и не креирале ниту едно ново работно место.-изјави Селими.
-Ова што се случува денес, овие неморални и деструктивни политики ја гасат надежта на илјадници млади не само во Македонија туку и Косово и Албанија. Денес се појави потребата младите да мигрираат поради овие деструктивни политики во последнава декада.-вели Енис Мифтари.
-Јас имам 20 години, родителите слободно можат да ми речат Арбер излези од дома и снаоѓај се сам. И јас да излезам пред Министерството за труд и социјална политика и да барам живеалиште, со 4 илјади денари да живеам? Тоа е причината што младите ги полнат автобусите.-рече Кадриу.
Евљан Асани од агенцијата Герман Траум вели дека во последно време барањата за работа надвор од државава се зголемени. Според него, само во неговата агенција за 6 месеци, 400 лица ја напуштиле Северна Македонија.
-Само во последниве 6 месеци за долгорочна работа бројката е 400 лица.-рече Асани.
РЕПОРТЕР: САЛИЈЕ САДИКУ