Македонија

Повеќе авиони кружат над Македонија поради невреме не може да слетаат на скопскиот аеродром

Повеќе авиони кружат над Македонија поради невреме не може да слетаат на скопскиот аеродром

Неколку авиони на „Wizz Air“ вечерва не можат да слетаат на скопскиот аеродром поради силно невреме кое ја зафати Македонија. Според податоците во живо од Flightradar24, најмалку три авиони – од Базел (WZZ995), Ајндховен (WZZ29GL) и Солун (WZZ4784) – кружат над различни региони на земјата, чекајќи погоден момент за слетување.

Воздушните рути покажуваат дека авионите прават кругови над Велешко, Охридско и Источна Македонија. Ваквото движење е јасен показател за нестабилни временски услови во областа на скопската котлина. Барометриските височини на летовите се движат меѓу 17.000 и 30.000 стапки, додека проценетите времиња на пристигнување се веќе пробиени.

Скопје моментално е под влијание на нестабилна облачна маса со интензивен пороен дожд, град, силни електрични празнења и засилен ветер — временска состојба која ја нарушува безбедноста на воздушниот сообраќај. Истите услови се забележани и во централниот и источниот дел на државата, каде што се движат другите авиони.

Поврзана објаваВИДЕО Појава на град во делови од Скопје – жител од Козле испрати видео до нашата редакција Поврзана објаваНевреме со дожд, град и силни ветрови го зафати Велешкиот и Штипскиот регион, се приближува и кон Скопје

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни