Свет

Повеќе од 1.300 летови се откажани од португалска авиокомпанија

Повеќе од 1.300 летови се откажани од португалска авиокомпанија

Португалската државна авиокомпанија ТАП откажа повеќе од 1.300 летови пред еднонеделниот штрајк на персоналот. Протестот почнува следната недела поради намалувањето на платите. Информацијата ја објави авиокомпанијата во четвртокот.

Мнозинството од речиси 1.000 работници на авиокомпанијата гласаа за продолжување на штрајкот до 31 јануари, откако ја отфрлија најновата понуда на раководството.

Се очекува штрајкот да ја чини компанијата околу 48 милиони евра и да погоди околу 156.000 патници.

Авиокомпанијата ТАП вели дека намалувањата на платите, како и кратењето на работните места и продажбата на авиони, се неопходни за заживување на задолжениот превозник по неговата ренационализација во 2020 година. Европската унија го условува овој потег со план за реструктуирање вреден 3,2 милијарди евра. што беше оспорено од синдикатот на пилотите на ТАП.

Гневот на вработените се продлабочи откако во декември се појави дека член на кабинетот во владата на премиерот Антонио Коста добил отпремнина од 500.000 евра откако минатата година се повлече од управниот одбор на ТАП.

Помладата министерка за финансии Александра Реис беше принудена да поднесе оставка поради скандалот, што доведе и до оставки на министерот за инфраструктура Педро Нунес Сантос и неговиот заменик Хуго Сантос Мендез.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни