Свет

Повеќе од 100 луѓе се полесно повредени во експлозија во фабрика во Иран

Повеќе од 100 луѓе се полесно повредени во експлозија во фабрика во Иран

Во експлозија во хемиска фабрика во јужен Иран повредени се повеќе од 100 луѓе, главно полесно, јави денеска иранската државна телевизија.

Пожарникарите набрзо успеале да го изгаснат пожарот, а според провинцискиот здравствен претставник, од 133 повредени кои биле префрлени во локалните болници, 114 подоцна биле пуштени по лекување.

Истекувањето од резервоарот за амонијак предизвика експлозија во понеделникот вечерта, во јужниот град Фирузабад во провинцијата Фарс, кој се наоѓа на околу 770 километри јужно од главниот град Техеран.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни