Повеќе од 700 летови откажани низ САД поради блокадата на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на владата, објавија американските медиуми.

Досега, 754 летови се откажани низ целата земја, а вкупниот број би можел да ја надмине бројката од петокот од 1.024 до крајот на денот, објавува ABC News.

Покрај бројните откажувања, на аеродромите низ Америка продолжуваат значителни доцнења на летови поради проблеми со недостаток на персонал во центрите за контрола на воздушниот сообраќај.