Во живо Ноќно студио во живо Бленди Ходаи Гледај
Свет

Повеќе од 900.000 луѓе учествуваа на демонстрациите во Германија за време на викендот

Повеќе од 900.000 луѓе учествуваа на демонстрациите во Германија за време на викендот

Повеќе од 900.000 луѓе излегоа на улиците низ Германија во текот на викендот за да протестираат против десничарскиот екстремизам и за поддршка на демократијата, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи, Максимилијан Кал.

Според полицијата, во неделата се собрале околу 550.000 демонстранти, а во саботата околу 360.000, пишува германски Тагешпигел.

„Според она што го преброи полицијата низ целата земја, околу 910.600 луѓе учествуваа во демонстрациите против десничарскиот екстремизам во текот на викендот“, рече Кал во Берлин.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни