Македонија

Повредена 21-годишна девојка – изгубила контрола над возилото и удрила во банкина

Повредена 21-годишна девојка – изгубила контрола над возилото и удрила во банкина

На 28.12.2022 во 20.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат помеѓу селата Куклиш и Свидовица, струмичко, С.Ц.(21) од село Габрово, управувајки патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, изгубила контрола и со возилото удрила во банкина.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ц., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни