4NEWS.mk

Повредени четворица работници при несреќа во фабриката „Макстил“

Четворица работници се повредени во несреќа што се случила изутрина околу седум часот во фабриката „Макстил“.

Според првичните информации пренесени во дел од медиумите,  работниците се здобиле со изгореници, откако ливна јама од 100 тони, полна со стопен метал се откачила и паднала, а стопениот метал се разлеал и тоа предизвикало пожар.

Повредените работници се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Надлежните институции за подоцна најавуваат детални информации за несреќата.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни