Балкан

Повредените во несреќата во Нови Сад се во тешка здравствена состојба: Лекарите се борат за нивните животи!

Повредените во несреќата во Нови Сад се во тешка здравствена состојба: Лекарите се борат за нивните животи!

Лекарите се уште се борат за животот на трите лица кои на 1 ноември беа тешко повредени на железничката станица во Нови Сад, кога се урна бетонската настрешница.

Состојбата на повредениот млад човек Ц.В. (18) и две девојчиња М.Т. (24) и Р.А. (23) се уште е многу тешка.

„Сите пациенти се во многу тешка здравствена состојба. Секој ден, неколку пати во текот на денот, се среќава мултидисциплинарен консултативен тим од лекари за да донесе одлука за понатамошно лекување“, велат за Дневник од Универзитетската болница во Војводина.

Да потсетиме, во петокот при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени. Погребани се сите 14 жртви од тешката трагедија што ја погоди Србија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни