Повторни избори во четири општини: Кампањата финишира, утре гласаат болните и немоќните

На полноќ завршува изборната кампања за повторните избори за градоначалник, кои ќе се одржат во недела, 11 јануари, во општините Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Со завршувањето на кампањата започнува изборниот молк, кој ќе трае до затворањето на гласачките места во недела во 19 часот.

Според информациите од Државната изборна комисија, денеска се дистрибуираат гласачките ливчиња и апаратите за биометриска идентификација до општинските изборни комисии. ДИК информира дека сите технички и организациски подготовки се одвиваат согласно утврдените рокови.

Се вчитува...

Право на глас имаат жителите на четирите општини каде што се одржуваат изборите.

Гласањето ќе се одвива в недела од 7 до 19 часот во избирачките места, а од ДИК апелираат кампањата и изборниот процес да поминат во демократска атмосфера, без инциденти и со почитување на изборните правила.