Балкан

Повторно дојави за бомби: Мета болници и факултети во Србија (ФОТО)

Повторно дојави за бомби: Мета болници и факултети во Србија (ФОТО)

Извештаи за бомба утринава биле примени на е-пошта на факултетите и на неколку болници во Белград, дознаваат медиумите.

Вклучени се неколку болници, како што неофицијално дознаваме, а според објавите на социјалните мрежи дојавата за бомбата стигнала и на адресата на КБЦ „Ѕвездара“, пишува Блиц.

Голем број луѓе се пред зградата на болницата, како што може да се види на снимката од утрово.

Дојавата за бомбата стигнала и до Електротехничкиот факултет во Белград (ЕТФ), пренесе Телеграф.

Полицијата е на лице место и во тек се проверки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни