Балкан

Повторно нереди пред албанскиот парламент

Учесници на опозициските протести во Тирана, денеска повторно се обидоа да влезат во албанскиот парламент, каде што беше во тек пленарната седница.

Демонстрантите кои ги предводи водачот на Демократската партија Љуљзим Баша, користеле димни бомби, и се судрија со албанската полиција која ја чуваше зградата на парламентот.

Албанската опозиција го обвинува премиерот Еди Рама за корупција и вмешаност во организираниот криминал.

Од февруари наваму има протести пред парламентот во Тирана. Во повеќе наврати се обидоа да влезат во парламентот и во владата.

Од партијата на Еди Рама истакнуваат дека протестите се кочница за напредокот на Албанија во членството во ЕУ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни