Пожар изби во товарно возило на автопатот Велес-Скопје, во близина пронајдено безживотно тело

На 15.03.2025 во 00.45 часот СВР Велес било пријавено дека автопатот Велес-Скопје, на место викано „Пуста кула“, настанал пожар на товарно возило „мерцедес“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, а во близина на возилото бил пронајден починат Н.В.(57) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без видливи траги на насилство, а екипа на Територијалната противпожарна единица Велес го изгаснала пожарот.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. 

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното