Македонија

Пожар избил во трафостаница во Автокоманда – интервенирале пожарникарите и брза помош

Пожар избил во трафостаница во Автокоманда – интервенирале пожарникарите и брза помош

На 13.12.2022 во 10.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на фабрика на подрачјето на Автокоманда, во еден од погоните настанал пожар во трафостаница.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а екипа од Итна медицинска помош пружила помош на Б.Ј.(57) од Скопје, вработен како обезбедување во фабриката, кој вдишал чад при гаснење на пожарот.

Увид бил извршен. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни