Свет

Пожар избувна во фабрика за експлозиви во Русија

Пожар избувна во фабрика за експлозиви во Русија

Пожар избувна во фабрика за експлозиви во Русија. Пожарот во регионот Тамбов веќе е изгаснат, јави ТАСС, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.

Веднаш по полноќ добиле извештај за пожар во фабриката за барут Тамбов во градот Котовск, 500 километри југоисточно од главниот град Москва.

Пожарот, кој се прошири на површина од 300 метри квадратни, веќе е изгаснат. Нема повредени луѓе.

Причината за пожарот се истражува.

Ова не е прв ваков инцидент во фабриката за барут Тамбов, забележува ТАСС. Пет лица загинаа во пожар во фабриката во јуни годинава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни