Пожар избувна во куќа и помошна просторија – работилница во село Блатец, едно лице тешко повредено

На 11.01.2026 во 12:04 часот во ОВР Виница e пријавено дека во с. Блатец околу 11:50 часот настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д.(70) од истото село.

М.Д. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Виница е пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.

Се вчитува...

Од страна на екипи од Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат.