Македонија

Пожар кај Желино, интервенира ер трактор

Пожар кај Желино, интервенира ер трактор

Поради пожар на тешко пристапен терен кај селото Горна Лешница, во општина Желино, денеска беше побарана воздушна поддршка за гаснење на огнената стихија.

На бројот за итни повици 112 се јавил командирот на ТППЕ Тетово, кој побарал ангажирање на ер трактор.

Според информациите, пожарот избувнал на непристапен терен, што значително ја отежнало интервенцијата на пожарникарите.

Екипите на ТППЕ Тетово првично интервенирале со напртњачи, но поради стрмниот и тешко достапен терен, било проценето дека е неопходна воздушна поддршка. По добиеното барање, во гаснењето бил вклучен ер трактор, со цел побрзо локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење.

Надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата на терен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни