Македонија

Пронајдено изгорено човечко тело: Пожар во Ѓорче Петров зафати штали!

Пронајдено изгорено човечко тело: Пожар во Ѓорче Петров зафати штали!

На 06.07.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни