Македонија

Пожар во колективна зграда во Струга – нема повредени, оштетени повеќе станови

Пожар во колективна зграда во Струга – нема повредени, оштетени повеќе станови

На 21 март 2025 година, во 16:05 часот, во ОВР Струга било пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Струга избувнал пожар во колективна станбена зграда, при што биле оштетени повеќе станови.

Според првичните информации, повредени лица нема, а во гаснењето на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Полицијата извршила увид на местото и се работи на утврдување на причините за избувнувањето на огнената стихија.

Жителите на зградата биле навремено евакуирани, а материјалната штета е предмет на понатамошна проценка.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни