Македонија

Пожар во куќа во село Љубанци

Пожар во куќа во село Љубанци

Во раните утрински часови денеска избувна пожар во куќа во скопското село Љубанци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пожарот бил пријавен во СВР Скопје во 04:58 часот, а зафатил семејна куќа во сопственост на 87-годишниот Љ.С. Според информациите од полицијата, во инцидентот нема повредени лица.

На терен интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која успеала целосно да го локализира и изгасне пожарот.

По настанот бил извршен увид, а причините за избувнувањето на пожарот ќе се утврдуваат дополнително.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни