Македонија

Пожар во куќа во скопска Ќерамидница, пронајдена почината сопственичката, телото оди на обдукција!

Пожар во куќа во скопска Ќерамидница, пронајдена почината сопственичката, телото оди на обдукција!

На 24.02.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Ќерамидница настанал пожар во куќа, сопственост на 71-годишната Т.П. од Скопје, која имала здравствени проблеми.

Од Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје  пожарот бил изгаснат, а на местото е пронајдена почината сопственичката.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни