Вонредна информација испраќа Регионалниот центар за управување со кризи од Струмица.
Попладнево во маркет кој се наоѓал во склоп на бензиска станица избувнал пожар од засега неутврдени причини.
Територијалната противпожарна единица од Гевгелија со 2 противпожарни возила и 7 пожарникари од 14:00 часот интервенира.
Станува збор за запален маркет во склоп на бензинската пумпа Окта.
Нема повредени лица од пожарот.
Екипа од ЕВН и МВР се на лице место.
