Македонија

Пожар во општина Желино, изгореа шума и дрвени бандери на ЕВН

На 26.03.2019 околу 00:10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на место викано „Суроч“, атар на село Луковица, општина Желино, настанал пожар на шумски предел сопственост на ЈПУ-ЗПП „Јасен“-Скопје.

Со пожарот била зафатена нискостеблеста шума и биле оштетени четири  дрвени бандери од среднонапонска мрежа, сопственост на ЕВН – подружница Тетово.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Тетово.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни