Утрово во 05:05 часот, две хаварисани возила изгореа во кругот на струмичката болница, информираа од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица.
Според информациите, пожарот бил веднаш локализиран и изгасен со едно противпожарно возило и три пожарникари кои интервенирале на терен.
Од ТППЕ додаваат дека пожарот бил успешно ликвидиран за кратко време по пристигнувањето, спречувајќи негово проширување на околните објекти.
Извршен е увид на местото на пожарот, а причините за неговото настанување ќе бидат испитувани.