Во село Ракотинци, скопско, избувна пожар во стариот објект на основното училиште.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а при интервенцијата еден пожарникар се здобил со повреди.
Повредениот бил пренесен во здравствена установа за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.