Македонија

Пожари и во Струга, изгореа две куќи во селото Октиси

СВР Охрид денеска соопшти дека во пожар во близина на струшкото село Октиси, изгорела дабова шума, но и две куќи сопственост на жители во селото.

„Вчера околу 14 часот во месноста „Степаница“ атар на селото Октиси во пожар изгорела поголема површина дабова шума и две куќи, сопственост на Б.А. и Ф.Д., жители на селото. Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица од Струга.“, велат од СВР Охрид.

Во моментов активни пожари има на неколку места на територијата на Северна Македонија. ТВ21 утринава известуваше за пожарите во Преспа, каде што во моментов се активни дури три, од кои едниот е на Галичица.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни