Пожарот навлезе во делови од прилепското село Чаниште, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Според првичните информации, огнот зафатил неколку стари и напуштени куќи, а најверојатно и една населена куќа.
„Добро е тоа што нема повредени жители ниту пожарникари“, изјави Ангелов.
Пожарот преку системот 112 бил пријавен во 15:58 часот.
ФОТО: Илустрација