Свет
17,279,197
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 18:15 18:15
Македонија
770
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 18:15 18:15
Македонија
5,497
Вкупно починати
Updated on 04/08/2021 18:15 18:15
Македонија
150,440
Вкупно оздравени
Updated on 04/08/2021 18:15 18:15

Позирал со жртвите, а потоа фотографиите и ги испраќал на љубовницата

Фотографии од злосторствата на мафијашкиот клан на Веља невоља ја згрозија јавноста, а истите биле праќани на посебна личност од доверба.

Откриено е дека Беливук фотографиите од кои се заледува крвта во вените, а на кои позира покрај жртвите и ги праќал на својата љубовница, пишува република.рс.

Според медиумите, се работи за лице кое е директор на дневен весник и токму таа ќе биде сведок соработник поради кои добила и полициско обезбедување.

Министерот Александар Вулин пред неколку дена покажа и необјавени фотографии од ѕверските дела на овој клан.

На вознемирувачките фотографии може да се види унаказено тело, отсечена глава, отсечени стопала…

Според Вулин, токму лицата кои го направиле тоа откако ги виделе фотографиите започнале да повраќаат во судница.

„Ова се убијци кои не заслужуваат никогаш да излезат на слобода. Ова што го видовте е покажано на семејството. Некои од нив повраќаа, одбиваа да гледаат, додека пак некој кажаа дека ова не е вистина“, истакна Вулин.