Балкан

Позитивно мислење на ЕК за барањето на БиХ за кандидатски статус

Европската комисија даде позитивно мислење за барањето на Босна и Херцеговина за добивање кандидатски статус за членство во Европската Унија.

Во извештајот, што се однесува на Босна и Херцеговина, беше обајвено и мислење за барањето на БиХ за членство во Европската унија, кое е анализирано откако властите на таа држава во февруари оваа година ги доставија одговорите на дополнителните прашања од Прашалникот на Европската комисија.

Во мислењето ЕК наведува дека Босна и Херцеговина може да стане членка на ЕУ со тоа што постојат голем број на чекори и барања, кои треба да бидат исполнети.

По објавувањето на мислењето на Европската комисија за кандидатски статус на Босна и Херцеговина, ќе одлучуваат 28-те земји членки на ЕУ, што значи дека државата се уште нема статус на кандидат за членство во Унијата.

The post Позитивно мислење на ЕК за барањето на БиХ за кандидатски статус appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни