Познат хотел спроведе истрага откако гостите се пожалија на паранормални активности

Хотел во Сомерсет во текот на викендот спроведе истрага за паранормални појави бидејќи туристите се пожалија дека виделе застрашувачки работи.

Шефот на истражувачкиот центар Somerset Paranormal UK се обрати до хотелот Shruberi откако организаторот на настанот во хотелот доживеа „неколку чудни работи“.

Според главниот истражител, менаџерот на хотелот опишал голем број настани, вклучително и гледање духови во трпезаријата, како и телефони кои ѕвонат на рецепцијата од празни соби.

Луѓето исто така пријавиле дека слушаат фантомски гласови и чувство на допир во кујната и подрумот – и покрај фактот што во тоа време немало други луѓе во просториите.

Имајќи го ова на ум, персоналот на хотелот реши да се здружи за да го истражи проблемот. Откако се поделиле во тимови, тие пребарувале различни области од собата во потрага по „параномални активности“ користејќи различни техники и опрема.

„Ние користиме научна опрема и некои од постарите методи на истражување“, рече шефот на истражувачкиот центар Somerset Paranormal UK.

Нивните напори не биле залудни, а присутните доживеале бројни необјасниви настани. Прво, иследникот рече дека слушнале муабет преку воки-токи кои „го имитирале гласовите на луѓето од тимот“.

„Сите во групата го слушнаа нашиот глас додека баравме други членови на тимот, а ние воопшто не ги допревме воки-токиите“, вели шефот на истражниот тим.

Групата слушнала и „машки гласови“ кои извикувале „Елизабет“ – името на покојната сопруга на првиот сопственик на хотелот.