Македонија

Познат идентитетот на лицата кои силувале 13-годишно дете во неготинско!

Познат идентитетот на лицата кои силувале 13-годишно дете во неготинско!

Од МВР информираат дека на 28.01.2026 полициски службеници од ОВР Неготино, по наредба од Основното јавно обвинителство Кавадарци, лишија од слобода 40-годишник, 26-годишник, 22-годишник и 20-годишник од неготинско село, во врска со кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ казниво по член 188 од Кривичниот законик.

Тие се сомничат дека извршиле обљуба врз 13-годишна малолетничка.

Лицата се задржани во полициска станица, а потоа и спроведени во Основен суд Кавадарци, каде од судија на претходна постапка, им се определени мерки притвор во траење од по 30 дена, по што се спроведени во Казнено поправна установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

Поврзана објаваХорор во Неготино: Четири лица под истрага за силување – зеле 13-годишно девојче, имале сексуални односи со него, па го вратиле дома!

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни