Позната фабрика за гуми се затвора: 700 работници остануваат без работа

Bridgestone Americas, со седиште во Нешвил, планира да ја затвори својата фабрика за гуми во Ла Верње, Тенеси, подоцна оваа година, поради што 700 работници ќе останат без работа.

Американскиот огранок на јапонскиот производствен гигант Bridgestone Corporation ја објасни оваа одлука како дел од планот за „оптимизација на своето работење“ и зајакнување на конкурентноста во индустријата за автомобилски делови.

Bridgestone ја „ажурирал и оптимизирал“ својата работа низ целите САД, вклучувајќи го и своето седиште во Нешвил, се вели во соопштението на компанијата, пренесува Seebiz.

Предстоечкото намалување на работната сила ќе влијае на корпоративните, продажните и оперативните тимови во САД. Bridgestone исто така ги намалува капацитетите на својата фабрика за гуми во Демојн, Ајова.

Последниот ден на работа на фабриката во Ла Верње ќе биде 31. јули, по повеќе од пет децении работа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното