Американската тенисерка Кори Гауф објави дека нема да настапи на Олимписките игри во Токио поради позитивниот тест на коронавирус.
„Отсекогаш сонував да играм за САД на Олимписките игри и се надевам дека ќе имам уште многу можности да го остварам овој сон“, објави Гауф на Твитер.
17-годишната Американка требаше да стане најмладиот учесник на олимпискиот тениски турнир, што ќе се одржи од 24 јули до 1 август.
