Познатите вечерни долги ракавици се враќаат во мода

Родени во елегантна скромност и традиционално поврзани со англиските балови, како и стариот Холивид – познатите вечерни долги ракавици се врачаат во мода.

Ова може да се забележи од најновите колекции на брендовите за висока мода за претстојнава есен.

Одри Хепберн пред неколку децении ги прослави, а потоа тие ретко се носеа, односно обично ги имаше на црвениот тепих и разни гала-настани.

А сега, најновите модни ревии најавуваат враќање на голема врата, бидејќи никогаш досега овој моден додаток не се појавил на толку многу модни ревии во една сезона, избрани од дизајнери со толку различна естетика.

Ракавиците беа и еден од најголемите трендови на црвениот тепих во сезоната на награди минатата година, а тие се појавија и во музички спотови, вклучувајќи ги и „WAP“ на Карди Б и Меган ди Сталион, или „Good 4 U“ на Оливие Родриго.

Ракавици се појавија и во колекциите на „Гучи“ (во соработка со „Баленсијага“), „Прабал Гурунг“, „Родарте“, „Прада“, Џонатан Коен, „Брок колекшн“, Марк Џејкобс и „Алтузара“.

Хали Спрадлин, директорка на компанијата за предвидување на модни трендови „Фешн Снупс“ вели дека ова има врска со повторно контекстуализирање на нешто што некогаш изгледаше недостижно и резервирано за високото општество, пренесува списанието „Фашониста“.

„Она што е интересно во врска со враќањето на овој додаток, е тоа што спаѓа во друг тренд што го следевме. А, тоа е рушење на бариерите за традицијата и враќање на предмети што обично или историски ги носеше елитата, бидејќи истиот кодекс на облекување повеќе не важи“, смета Спрадлин.

Овој замав продолжи и со неодамнешните колекции на висока мода од брендовите „Фенди“, „Баленсијага“ и „Валентина“, каде што доаѓаа во повеќе различни бои и стилизирани со сѐ – од минифустани до панталони.