Балкан

Ја повикаа министерката Генчовска да ги декласифицира преговарачките документи за РСМ

Ја повикаа министерката Генчовска да ги декласифицира преговарачките документи за РСМ

Бугарската партија „Продолжуваме со промената“ излезе со став за преговарачките документи, билатералниот протокол меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

„Би сакале да ве информираме дека по консултација со Комисијата за надворешна политика, овие документи во овој момент не можат да бидат достапни на пошироката јавност. „Министерката Теодора Генчовска ги внесе документите со ознака „Доверливо“, со што се ограничува кругот на луѓе кои можат да ги читаат“, велат од партијата.

„Ја повикуваме министерката Генчовска да го отстрани тајниот печат. Го повикуваме и Министерството за надворешни работи што поскоро да започне со потпишување на билатералниот протокол што го договори министерката Генчовска – очекување јавно објавено од министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи“, се вели во ставот на ПП.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни