Македонија

Прашина и дупки, улицата во Бутел во лоша состојба веќе 5 месеци

Прашина и дупки. Улицата “Бутелска“ е во ваква состојба веќе пет месеци. Жителите велат дека ова улица е многу фреквентна, но од вадењето на асфалтот за поставување на цевките за канализација, улицата е претворена во загадена зона.

Жалби за не средувањето на улицата, имаат и бизнисите кои гравитираат на оваа улица, истакнувајќи дека освен прашината што ја дишат секој ден, намален е и бројот на купувачи.

ТВ21 следните денови ќе побара одговор и од надлежните органи зошто се одолговлекуваат градежните работи на оваа улица која се наоѓа пред општина Бутел.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни