Само 15 пратеници дадоа зелено светло за законот за амнестија. Бројот не беше доволен, па собранитскиот спикер констатираше дека предлог-законот од Влада не е усвоен.
Но, кои се пратениците кои дадоа поддршка на овој закон. 4NEWS.mk според информациите на Собрание, во продолжение ја објавува листата на пратеници кои гласаа ЗА амнестија.
- Абдула Салиу, Алијанса за Албанците
- Арбер Адеми Демократска унија за интеграција
- Арта Биљали-Зендели Демократска унија за интеграција
- Артина Ќазими Алијанса за Албанците
- Бастри Бајрами Европска демократска партија
- Бедри Фазли Демократска унија за интеграција
- Берат Ајдари Демократска унија за интеграција
- Вјолца Адеми Демократска унија за интеграција
- Елми Азири Алијанса за Албанците
- Енес Ибрахим Партија за движење на Турците
- Зиадин Села Алијанса за Албанците
- Исмаил Јахоски Демократска унија за интеграција
- Рина Ајдари Демократска унија за интеграција
- Фиснике Бектеши Шаќири Демократска унија за интеграција
- Халил Снопче Алијанса за Албанците
„Против“ гласаа 66 пратеници, „за“ 17, а тројца „воздржани“.
Основа цел е аларматната состојба во затворите, а препораки и констатации се дадени од многу релевантни институции, рече во образложението министерот за правда Кренар Лога, кој е предлагач на законот.
Пред почетокот на седницата Лога им подели на пратениците фотографии од состојбата во затворите.
Претходно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со цел да изземат од амнестирање осудените од предметот „Монструм“.