Правила на новогодишната трпеза: Еве што треба да содржи!

Поставувањето на богата новогодишна трпеза секако не е само за да не „најаде“, туку секое јадење треба да има симболичност и да биде внимателно одбрано.

Се верува дека оваа новогодишна трпеза со себе носи одредена симболика за среќа, напредок и благосостојба.

Еве кои работи треба на трпезата треба да си го „најдат“ своето место:

  • Грозје

Грозјето е пред сè симбол на здравје и сила, па се препорачува по полноќ да изедете точно 12 зрна грозје, за секој месец по едно, за да бидете здрави секој месец во текот на претстојната година.

  • Риба

Со оглед на тоа што за време на новогодишната ноќ трае божиќниот пост, и рибата би требало да се најде на вашата трпеза.

Таа симболизира непречено движење, движење без препреки, па ви навестува лесна година, во која сите планови ќе „пливаат“.

  • Свинско месо

Свинското месо е симбол на изобилство и богатство.

  • Зелка салата

Поради својата зелена боја, симболизира хармонија со природата и добра среќа, како и долговечност.

  • Торта

Поради самиот состав со многу шеќер, тортата е симбол на сласта. Направете ја тортата да биде од што побогати состојки за во претстојната да имате што повеќе сласти.

  • Препорака да не се става пилешко месо

Она што никако не се препорачува на новогодишната трпеза е месо од перјести животни, бидејќи тие имаат крилја, па симболизираат среќа што одлетува.