Од Државната изборна комисија денеска ги соопштија бројките кои ќе имаат право на глас пред пресојните претседателски избори, и во трите општини каде што ќе се бира и градоначалник.
Право на глас имаат 1.808.131 државјани на Северна Македонија. Од нив 1.726.696 на територијата на Северна Македонија, а 77.579 во странство. Своето право на глас ќе може да го искористат 1640 во затворите, и 7 раселени лица. Од дипломатско-конзуларните преставништва своето право на глас ќе го остварат 1.781 државјанин.
Во Охрид право на глас имаат 52.303 лица, во Ново Село 11.365 и во Дебар 18.625 на престојните избори за градоначалници на овие места.