Православните христијани ја одбележуваат Задушница – ден посветен на сеќавање и молитва за покојните

Православните христијани денес ја одбележуваат Задушница, ден посветен на сеќавање и молитва за покојните.

Оваа задушница секогаш паѓа во сабота пред Месопусната недела, во пресрет на Велигденскиот пост и празникот Прочка.

Црквата има одредено посебни денови во годината – задушници, кога верниците се собираат за заедничка молитва за душите на починатите. Саботата е ден што традиционално се смета за време за помен и молитва за упокоените.

На овој ден, во црквите се одржуваат литургии и парастоси, а верниците ги посетуваат гробиштата за да се помолат и да остават пченица, леб и вино во знак на помен. Исто така, според традицијата, на Задушница се дели милостина на сиромашните во име на починатите, со желба за мир на нивните души.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното