Поврзи се

Македонија

Предметот за Томор Морина заведен во Врховен суд, наскоро одлука дали ќе биде ослободен или не

Published

on

Предметот за поранешниот припадник на Ослободотелната војска на Косово (ОВК), Томор Морина денеска е заведен во Врховниот суд и е доделен на судија и најрано утре се очекува да биде донесена одлука дали ќе биде ослободен или не, информираат за МИА од Кабинетот на претседателот на Врховниот суд.

Од таму прецизираат дека предметот денеска е доделен на судија и ќе има одлучување по него, по што веднаш откако ќе биде донесена одлука  ќе биде објавено од страна на Врховниот суд.

-Текстот продолжува по рекламата-

Претходно, Основниот кривичен суд го одби барањето за пуштање од притвор на Томор Морина, кој е во притвор околу две седмици, а беше уапсен на граничниот премин „Блаце“ на 24 јули од страна на македонската полиција по потерница издадена од Интерпол, на барање на Србија.

Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, Морина, од страна на Србија е обвинет за воени злостроства врз цивили во текот на војната 1998/1999 година.

Официјален Белград веќе побара екстрадиција во Србија.

Извор: ТВ21

Реклама
4NEWS.mk

Утре е неработен ден, a следен неработен ден е среда

4NEWS.mk

Вечерва внимавајте на овие патни правци: Снег паѓа без престан во овие градови низ земјава!

Македонија

Јовановски: Дали јас сум добивал подароци од Камчеви? Рускоска: Поголеми подароци од 1,5 милиони евра јас не знам

4NEWS.mk

Најдобар газда на светот: На своите работници им подели 10 милиони долари, најмалиот бонус е 50.000

4NEWS.mk

Дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта?

4NEWS.mk

Шверцери во документарецот го споменуваат и Саздо: „Нека знаат со кој си имаат работа“

4NEWS.mk

Пукање во Скопје попладнево – полицаец заврши во болница

4NEWS.mk

Овие четири хороскопски знаци важат за најдобри сопруги, а мажите кои се во брак со нив се вистински среќници

Македонија

Снегот пристигна и во Македонија – Зимска идила во Нижеполе (ФОТО)

Македонија

ТВ21 АНКЕТА: Еве од услугите на која банка најмногу се задоволни корисниците

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com