Супервештачењето за случајот „Ласкарци“, кое го изработуваше Бирото за судски вештачења, пристигна во Основниот кривичен суд. Предметот за вештачење во бирото, беше испратен пред една година. Од Кривичен информираа дека пристигнал непосредно пред почетокот на главната расправа.
На денешното рочиште, примерок од вештачењето добиле обвинителството и одбраната. Договорено е судењето да продолжи на 24 јануари.
Ќе бидат повикани на сослушување вештите лица кои го изработиле наодот, со што доказната постапка ќе биде завршена и ќе се изведат завршните зборови на странките пред објавување на првостепена пресуда, се вели во известувањето од Основниот кривичен суд.