Според првичните информации, на телото на македонскиот државјанин нема траги на насилство и најверојатно се работи за предозирање, дознава 4NEWS.mk од првичните неофицијални наоди во истрагата.
Како што дознаваме завршена е и обдукцијата на телото.
Неговите пријател се сигурни дека не умрел од природна смрт, но се сомнева дека нешто се случило. 26-годишниот Стојан Спасов од Виница е човекот кој во неделата беше пронајден мртов во зграда на улицата Емилијан Станев, недалеку од трговскиот центар.
Министерството веќе стапило во контакт со семејството на загинатиот и го информирало за случајот.
Негови блиски пријатели за slobodenpecat.mk информираат дека Стојан бил спортист кој извесно време работел и живеел под кирија во Бугарија.
Неговите блиски се изненадени од неговата ненадејна смрт.
Многу сум изненаден од неговата смрт и убеден сум дека тоа не е природно, туку напротив – нешто му се случи на Столе“, вели пријателот на Спасов.