Македонија

Прегазиле сообраќаец и избегале – двете лица пронајдени и приведени

Две лица се приведени откако ноќеска еден час по полноќ со возило прегазиле сообраќаец на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје по што избегале.

МВР соопшти дека А.Д.(19) и К.М.(21), двајцата од Скопје, околу 01.00 часот на бул.„Борис Трајковски“ со возило „цитроен берлинго“, кое го управувал А.Д., а сопатник бил К.М., удриле и повредиле полициски службеник кој извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот (мерење со радар), по што побегнале од местото.

Повредениот полициски службеник бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Полицијата ги пронашла и привела двете лица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни