Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во Брисел се сретна со главните преговарачи Петар Петковиќ и Бесник Бисљими.
По двочасовни разговори во Брисел меѓу Петар Петковиќ и Бесник Бисљими со посредство на ЕУ, дошло до прекин на преговорите, јавуваат извори на Курир од Брисел.
Наскоро се очекува продолжување на дијалогот во трипартитен формат.
На средбата меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на лажната држава Косово, Аљбин Курти, минатиот понеделник во Брисел, не беше постигнат договор за прашањето за регистарските таблички , а шефовите на преговарачките тимови на Белград и Приштина денеска со посредство на ЕУ ќе се обидат конечно да најдат излез од актуелната криза.